ВМРО-ДПМНЕ, која бара оставка од директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, смета дека тоа што и вицепремиерот Љупчо Николовски рече дека ќе побара нејзино разрешување е само театар.
- Николовски: Ќе побарам разрешување на Лидија Димова
- Димова не планира оставка, мило ѝ е што и ЕК ќе истражува дали има злоупотреби
Од партијата ги обвинуваат Николовски и премиерот Зоран Заев дека само сакаат да ја дефокусираат јавноста.
„Оваа смешна препирка низ медиумите дали Лидија Димова ќе си даде оставка или не, дали Владата ќе ја разреши или не, е само театар за граѓаните, да мислат дека оваа Влада е одговорна и чесна. Не! Ниту е одговорна ниту, пак, е чесна. Оваа Влада е сè, само не е одговорна и чесна. Лидија Димова влезе во низа од скандали кои достигнуваат огромни суми пари, а сепак нема ниту еден отворен случај, ниту од Јавното обвинителство ниту е повикана да биде сослушана“,
рече на прес-конференција портпаролот Димче Арсовски.
- Европската комисија отвори истрага за можна злоупотреба на фондовите „Еразмус плус“ во земјава
- Случајот „Фризерница“ во предистражна постапка
Тие остануваат на ставот дека Димова треба да поднесе оставка, но пред тоа и да ги објави транспарентно сите документи за спорните проекти за кои има сомнеж во јавноста.