Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 45 пациенти, во Прилеп 48 во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија шест лица, а во Дебар осум позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
