Нема да се продолжи рестрикцијата за угостителите со која работното време во пресрет на новогодишните празници се скрати до 18 часот.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од 21 јануари ќе се врати работното време до 21 часот, а сите други мерки ќе останат во сила.
Угостителите изминативе денови бараа наместо до 21 часот, работното време да биде до 23, а Филипче денеска најави дека во согласност со процената на ситуацијата во наредните денови, евентуално, би можело да се разгледа и таквото барање.
Мерката за скратување на работното време беше воведена на 18 декември, кога Владата ја почна кампањата „Празнувај одговорно“.
Токму мерката за ограничување на работењето на угостителските објекти министерот за здравство ја наведе како една од причините поради која се должи намалувањето на бројот на заразени.
