Со последните податоци од Министерството за здравство, во болнички услови се лекуваат вкупно 673 пациенти кои се потврдени како позитивни на ковид-19 или се водат како суспектни на вирусот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се осум деца и осум позитивни мајки, а три деца и две мајки суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респиратор се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28 697, бројката на оздравени пациенти е 19 771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7 963.