Поранешниот американски претседател ѝ се обрати на јавноста од истата сала во одморалиштето Мар-а-Лаго каде што ја објави својата трета кандидатура за Белата куќа на 15 ноември
Не мислев дека ова е можно во Америка, рече поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот вечерта во врска со обвинението што му беше прочитано неколку часа претходно во судот во Њујорк.
„Единствениот прекршок што го направив е бестрашно да ја бранам нашата земја од оние што сакаат да ја уништат“,
рече Трамп нарекувајќи го обвинението „навреда за нацијата“ во обраќањето до стотиците поддржувачи од неговата резиденција во Мар -а-Лаго, Флорида.
Тој додаде дека САД одат по ѓаволите и дека дури и оние што не се негови обожаватели велат дека такво нешто не треба да се случи.
Трамп продолжи да тврди дека сето тоа се случува заради изборите и дека окружниот обвинител во Атланта, за кој рече дека е расист, прави сè што може за да го обвини.
„Овој лажен случај е покренат само за да се меша во претстојните избори во 2024 година. Треба веднаш да се отфрли“,
рече тој.
На крајот Трамп додаде дека во неговиот случај тоа е прогон, но дека може да ја држи главата горе.
Поранешниот американски претседател ѝ се обрати на јавноста од истата сала во одморалиштето Мар-а-Лаго каде што ја објави својата трета кандидатура за Белата куќа на 15 ноември.
Неколку часа претходно, Трамп (76) пред судот на Менхетен се изјасни за невин за фалсификување сметководствени документи, на сослушување кое ги разбранува страстите во земјата.
Откако излезе од судницата како слободен човек, без судски надзор, Трамп ќе се обиде да направи сè за да го спречи судењето во јануари 2024 година, само неколку месеци пред претседателските избори за кои се кандидира.
Трамп е обвинет дека ја платил порноѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за да молчи за нивната врска пред претседателските избори. Даниелс рече дека ѝ платил 130 000 долари за тоа. Трамп ги отфрла обвинувањата и тврди дека тие се политички мотивирани.
Покрај овој случај, Трамп, кој двапати беше отповикан од Конгресот, е под посериозни истраги за неговата улога во нападот на Капитол, управувањето со претседателските архиви.
Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH