Проследете го во живо почетокот на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони што денеска се одржува во Охрид
Во Охрид денеска се одржува состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин е претседатлеката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, а коорганизатори се словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
На средбата во Охрид присуствуваат ќе учествуваат претседателот на Албанија – Бајрам Бегај, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина – Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, претседателката на Косово – Јустина Широка-Пула, вршителот на должноста претседател на Србија – Александар Чупиќ, како и претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ.
Според предвидената агенда, работниот дел од самитот почнува веднаш по официјалниот пречек на учесниците и треба да трае околу еден и пол час.
По завршувањето на пленарната дискусија, најавена е заедничка прес-конференција на домаќинката Сиљановска-Давкова и коорганизаторите Пирц-Мусар и Милановиќ.
Во рамки на дипломатската агенда, Сиљановска-Давкова ќе одржи и посебни билатерални средби со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ – Цвијановиќ, Беќировиќ и Филиповиќ, со косовската претседателка Широка-Пула, како и со вршителот на должноста претседател на Србија, Чупиќ.
Процесот Брдо – Бриони функционира од 2013 година како регионална иницијатива покрената од Словенија и Хрватска, со фокус на побрза европска интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и одржување на стабилноста. Покрај Македонија, Словенија и Хрватска, во иницијативата учествуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
