Во Ксинџијанг живеат 10 милиони Ујгури. Групите за човекови права и западните влади долго време го обвинуваат Пекинг за малтретирање на претежно муслиманското етничко малцинство, вклучително и принудна работа во логори за интернација. Кина остро ги отфрла таквите тврдења
Ретки протести избувнаа во далечната кинеска провинција Ксинџијанг, толпата им викаше на чуварите во заштитни одела откако смртоносниот пожар предизвика гнев поради продолженото заклучување поради ковид-19, додека бројот на новозаразени достигна нов рекорд.
Како што се гледа на видеата што кружеа на кинеските социјални мрежи во петокот вечерта, толпата извикувала „Крај на карантинот!“ кревајќи ги тупаниците во воздух. Ројтерс потврди дека снимката била објавена од главниот град на Ксинџијанг, Урумчи. На видеата се гледаат луѓе на плоштадот како ја пеат кинеската национална химна, која гласи „Станете, оние кои одбивате да бидете робови“, додека други извикуваат дека сакаат да бидат ослободени од заклучувањето.
“If we must die, you die together with us! “ “End the #lockdown!”
— Jennifer Zeng 曾錚 (@jenniferzeng97) November 26, 2022
In #Urumqi #Xinjiang, angry people surrounded the government building and demanded lifting the lockdown after being locked down for months. #covid #covid19 #CCPVirus pic.twitter.com/QwxyVul5sH
На луѓето сто дена им било забрането да ги напуштаат становите
Кина го стави огромниот регион Ксинџијанг под едно од најдолгите заклучувања во земјата, при што на многумина од 4-те милиони жители на Урумчи им беше забрането да ги напуштат своите домови дури 100 дена. Градот има пријавено околу 100 нови случаи дневно во последните два дена.
Во Ксинџијанг живеат 10 милиони Ујгури. Групите за човекови права и западните влади долго време го обвинуваат Пекинг за малтретирање на претежно муслиманското етничко малцинство, вклучително и принудна работа во логори за интернација. Кина остро ги отфрла таквите тврдења. Протестите во Урумчи уследија по пожарот во висока зграда во кој загинаа 10 лица во четвртокот вечерта.
Властите рекоа дека станарите на зградата можеле да се симнат на приземјето, но видео снимката од напорите на екипите за итни случаи, споделена на кинеските социјални мрежи, навела многу корисници на интернет да шпекулираат дека станарите не можеле да побегнат навреме, бидејќи зградата била делумно заклучена.
Официјалните претставници на Урумчи ненадејно одржаа прес-конференција рано наутро во саботата, негирајќи дека мерките за ковид го отежнале бегството и спасувањето, посочувајќи дека инцидентот дополнително ќе се истражи.
Кина ја брани политиката на претседателот Кси Ѓинпинг за нулта толеранција на коронавирусот за да се спречи преоптоварување на здравствениот систем.
Иако Кина неодамна ги прилагоди своите мерки со скратување на заклучувањето и преземање други чекори, ова, во комбинација со порастот на бројот на инфекции, предизвика неизвесност во големите градови, вклучително и Пекинг, каде што многу жители се ограничени во своите домови.