Првичната истрага за причината за пожарот покажала оти тој избувнал поради неисправна електрична инсталација во спалната соба на еден од становите на 15-от кат
Десет лица загинаа, а најмалку деветмина се повредени во пожар во станбена зграда во северозападниот дел на Кина, соопштија властите во петокот, јави „Вашингтон пост“.
Повредени се задржани во болница поради труење со чад, но нивните животи се надвор од животна опасност.
Според извештаите на повеќе државни медиуми кои ги цитира „Вашингтон пост“, пожарот избувнал во четвртокот вечерта на 15-от кат на станбената зграда, при што пламените јазици се прошириле до 17-от кат. Чадот предизвикан од пожарот, пак, се издригнал до 21-от кат. Пожарот бил изгаснат по три часа.
Првичната истрага за причината за пожарот покажала оти тој избувнал поради неисправна електрична инсталација во спалната соба на еден од становите на 15-от кат.
Ова е втор смртоносен пожар во Кина во изминатите неколку дена, откако во централната кинеска провинција Хенан, загинаа 38 лица, а две беа повредени во пожар во компанија која се занимава со производство на хемикалии и други индустриски стоки.