„Македонијо дали си подготвена“, рече Гета кога на сцената се вклучија светлосните ефекти, а публиката бурно го поздрави неговиот настап

Спектакуларно, со многу светлосни ефекти почна настапот на францускиот диџеј Дејвид Гета на стадионот „Тодор Проески“. Со настапот на Гета се заокружува прославата за 35 години независност на земјата.
Визуелните ефекти се типични за големите стадионски шоуа на францускиот дицеј. Потсетувајќи се на неговиот настап од пред 10 години, Гета рече дека Македонија е прекрасно место.
„Македонијо дали си подготвена“, рече Гета кога на сцената се вклучија светлосните ефекти, а публиката бурно го поздрави неговиот настап.
Пред Гета, на сцената поставена пред источната трибина на Градски, настапија македонските диџеи Семпре и Никифор.
Десетици илјади посетители од земјава и од странство го наполнија стадионот за настапот на францускиот диџеј кој во Скопје допатува вечерва директно од Ибица.
Последните информации од организаторот беа дека до 19 часот биле заменети 40 000 влезници за алки, а терминот за замена беше пролонгиран за уште еден час.
Организаторите најавуваа дека на настанот ќе присуствуваат 50 000 луѓе бидејќи толку билети биле продадени по симболичната цена од 35 денари.
Вратите на стадионот беа отворени во 17 часот, но најголемиот дел од посетителите дојдоа оклу 21 часот за кога првично беше најавен стартот на Дејвид Gета.
Поврзани вести:
- Граѓани масовно ги заменуваат влезниците за алки за концертот на Дејвид Гета, организаторот повикува утре порано да дојдат на стадионот
- Без замена на влезниците со нараквици ќе немаше концерт на Дејвид Гета – вели сопственикот на „Авалон“
- „Дали ти изгледам како идиот“ – газдата на „Авалон“ кон новинарка која праша колку ќе нè чини концертот на Дејвид Гета
- Митева: Безбедноста и подобар проток на Градски се причините поради кои се бара замена на влезниците со нараквици за концертот на Дејвид Гета
- Дејвид Гета со бесплатен концерт на Градски во Скопје за 35 години независност
