Изминатиот период во светските медиуми се појавија шпекулации за здравјето на Кејт, а сомнежите се зголемија зашто таа отсуствуваше од јавните должности. Потоа шпекулациите се интензивираа и се насочија кон бракот меѓу Кејт и Вилијам
Сепак, шпекулациите не застанаа тука, туку станаа уште поголеми, па така обожавателите на кралското семејство не поверуваа во веродостојноста на видеото и веднаш рекоа жената од видеото воопшто не личи на Кејт, зашто има различен облик на лицето и на насмевката. Многумина, пак, се сомневаат во веродостојноста во видеото, зашто таа во едната рака носи торба, со оглед дека пред неколку месеци правела операција на абдоменот
Откако пред една недела принцезата Кеј од Велс се извини за забуните што ги предизвикала со објавената семејна фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, на која таа беше со нејзините деца, последните два дена таа повторно е актуелна поради видео што го објави британскиот весник „Сан“ на кое се гледа како таа со принцот Вилијам пазари во локална продавница на фарма во Винздор, која се наоѓа близу до нивниот дом во Беркшир.
На видеото се гледа дека Кејт е облечена во спортска облека, со тренерка, хеленки и патики.
#KateMiddleton seemed to be in good spirits while out and about with #PrinceWilliam Saturday. https://t.co/kLUsfvt3b2 (🎥: TMZ/The Sun) pic.twitter.com/EqbtVojBcw
— TMZ (@TMZ) March 18, 2024
Видеото е објавено во британскиот весник „Сан“, а е прво од неа излезено во јавноста откако таа беше хоспитализирана во средината на јануари поради абдоменална операција.
„Кејт била видена викендов и изгледала среќна, опуштена и здрава. Принцезата сама ја носи торбата за пазарење и насмеана разговара со принцот Влијам додека ја напуштаат продавницата и се движат кон нивниот автомобил. Тие беа сами, без децата“,
пишува „Сан“.
Според весникот, освен што заедно ја посетиле локална фарма, Кејт и Вилијам наводно ги гледале нивните три деца додека спортуваат.
Изминатиот период во светските медиуми се појавија шпекулации за здравјето на Кејт, а сомнежите се зголемија откако таа одреден период отсуствуваше од јавните должности. Потоа шпекулациите се интензивираа и се насочија кон бракот меѓу Кејт и Вилијам, односно дали двојката е во добри брачни односи.
Сепак, шпекулациите не застанаа тука, туку станаа уште поголеми, па така обожавателите на кралското семејство не поверуваа во веродостојноста на видеото и веднаш рекоа жената од видеото воопшто не личи на Кејт, зашто има различен облик на лицето и на насмевката. Многумина, пак, се сомневаат во веродостојноста во видеото поради тоа што таа во едната рака носи торба, со оглед дека пред неколку месеци правела операција на абдоменот.
Оние, пак, што ја поддржуваат принцезата Кејт рекоа таа изгледа убаво и се пресреќни што брзо закрепнала.
Неколку новински агенции пред една недела ја повлекле претходно објавената фотографија на која се прикажани сопругата на британскиот принц Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон од Велс, и нивните три деца, со образложение дека се работи за манипулација, пренесува „Индепендет“.
Фотографијата е објавена на официјалниот инстаграм-профил насловен како принцот и принцезата од Велс на која се гледа како принцезата Кејт насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна.
Новинските агенции побарале од клиентите да ја повлечат фотографијата од сите платформи. Асошиејтед прес објавил дека фотографијата на Кеј и нејзините деца е повлечена од порталот и истовремено тоа го бара од сите претплатници кои ја презеле веста и фотографијата.
Во објава на социјалната мрежа Иск, принцезата Кејт признава дека направила измени на фотографијата, нешто што го дозволува и самата апликација на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа таа се извинила за забуната што ја предизвикала објавувајќи ја семејната фотографија.
„Како и многумина аматери фотографи, понекогаш експериментирам со можноста за измена и обработка на фотографии. Се извинувам за каква било забуна со фотографијата која вчера ја објавивме. Се надевам дека сите го прославивте Денот на мајката“,
напиша таа на Икс.