Денешната бројка на позитивни случаи е највисока од почетокот на епидемијата во земјава, а уште четворица ја изгубиле битката со коронавирусот
Уште повисока од вчера или највисока од почетокот на епидемијата на ковид-19 во земјава е денешната бројка на новозаразени. И овој пат посебно се високи броките на позитивни случаи во Скопје, Струмица, Кочани, Свети Николе…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје-98,
Куманово-11,
Штип-7,
Прилеп-12,
Тетово-2,
Струга-9,
Велес-3,
Битола-5,
Охрид-5,
Кавадарци-4,
Гостивар-5,
Гевгелија-5,
Струмица-21,
Крива Паланка-2,
Радовиш-9,
Пробиштип-1,
Демир Хисар-1,
Берово-9,
Валандово-4,
Виница-2,
Делчево-2,
Свети Николе-12,
Кичево-1,
Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од:
Скопје-39,
Куманово-4,
Штип-2,
Прилеп-3,
Тетово-3,
Струга-4,
Велес-7,
Битола-3,
Охрид-3,
Кавадарци-2,
Гостивар-6,
Гевгелија-2,
Струмица-10,
Пробиштип-1,
Демир Хисар-1,
Македонски Брод-1,
Берово-1, Делчево-1,
Кичево-2,
Ресен-5.
Починати се 4 лица: пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Тројца пациенти се починати во болница, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18 602, бројката на оздравени пациенти е 15 264, на починати е 753. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 585.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7291, активни 891
• Куманово 1795, активни 186
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1275, активни 60
• Прилеп 709, активни 134
• Тетово 1472, активни 149
• Струга 685, активни 50
• Велес 337, активни 31
• Битола 328, активни 73
• Охрид 437, активни 37
• Кавадарци 251, активни 49
• Гостивар 943, активни 82
• Гевгелија 135, активни 45 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 18 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 293, активни 178
• Крива Паланка 122, активни 36
• Радовиш 99, активни 35
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 403, активни 183
• Пробиштип 117, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 6
• Пехчево 45, активни 4
• Берово 122, активни 46
• Валандово 44, активни 31
• Виница 119, активни 30
• Делчево 167, активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 371, активни 58
• Кичево 333, активни 35
• Ресен 164, активни 6
• Неготино 57, активни 10 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Во земјава и вчера беа регистрирани над 200 случаи на ковид-19, односно 225 случаи, што беше втора највисока бројка од почетокот на епидемијата во земјава. Претходно, во јули „инцидентно“ беа реагисѕрирани 240 случаи во еден ден.
Уште вчерашните бројки го вклучија алармот кај здравствените власти во земјава. Од Министерството за здравство најавија дека викендов ќе се направат сите еподемиолошки анализи и веројатно ќе бидат предложени нови мерки, за што последната одлука ќе биде на Владата. Сепак, навестувањата се дека најверојатно нема повторно да се воведува нов карантин на територијата на целата држава.