Викендов ќе се направи анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на тоа ќе се заземе став дали се потребни нови мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата
До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки, поради зголемениот број на нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму ги демантираат демантира информациите што ги објавиле извесни медиуми за наводни нови рестриктивни мерки, отакако министерот за здравство Венко Филипче вчера ја свика Комисијата за заразни болести, по што отпатува и во Кочани, како можно новио жариште на коронавирусот.
Во соопштението на МЗ се посочува дека викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на тоа ќе се заземе став дали се потребни нови мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.