Честитка до земјава за членството во НАТО пристигна и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа на Твитер напиша дека со нетрпение ја очекува и соработката во преговорите со ЕУ.
„Честитки до Северна Македонија за пристапувањето во НАТО, заслужен чекор. Сега со нетрпение очекувам блиска соработка со Северна Македонија за време на преговорите за влез во ЕУ, откако земјите членки дадоа зелено светло оваа недела за нивен почеток. Нејзината иднина припаѓа во ЕУ“,
напиша фон дер Лајен.
*Поврзани вести:
Столтенберг: Добредојдовте во НАТО, целиот труд се исплатеше
Стејт департмент: Членството на Северна Македонија во НАТО е пример за идните аспиранти
Димитров: Со членството во НАТО, никогаш веќе нема да бидеме сами (ВИДЕО)
Шекеринска: Денешниот датум ќе биде впишан во учебниците по историја