Армијата на Република Северна Македонија на симболичен начин го одбележа влегувањето во НАТО.
Од касарната „Илинден“ во Скопје имаше едновремено истрелување од шест артилериски орудија.
„Истрелувањето на артилериските плотуни се изврши веднаш по депонирањето на пристапниот протокол во Стејт Департментот, кој беше финалниот акт за формализирање на полноправното членство во НАТО, со што се целосно се оствари оваа стратегиска определба на нашата држава“,
велат од Генералштабот на Армијата.
Како изгледаше одбележувањето на влезот во НАТО, погледнете преку фотографиите на Армијата во продолжение.
*Поврзани вести:
Столтенберг: Добредојдовте во НАТО, целиот труд се исплатеше
Стејт департмент: Членството на Северна Македонија во НАТО е пример за идните аспиранти
Димитров: Со членството во НАТО, никогаш веќе нема да бидеме сами (ВИДЕО)
Шекеринска: Денешниот датум ќе биде впишан во учебниците по историја