Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го честиташе официјалното членство на земјава во НАТО, порачувајќи дека ова го заслуживме сите заедно.
„Честитки, искрени и срдечни честитки за сите нас! Денес, нашата земја ја исполни стратешката цел која што ја очекуваше и ја заслужи во полна смисла на зборот. Денес, Република Северна Македонија стана 30-та полноправна членка на Северноатланскиот договор на НАТО, најсилниот воен и политички сојуз во светот. Во понеделник, пред седиштето на НАТО во Брисел, официјално ќе се подигне знамето на Република Северна Македонија. Бидете горди, бидете среќни, ова го заслуживме сите заедно!“,
вели Џафери во честитката.
*Поврзани вести:
Столтенберг: Добредојдовте во НАТО, целиот труд се исплатеше
Стејт департмент: Членството на Северна Македонија во НАТО е пример за идните аспиранти
Димитров: Со членството во НАТО, никогаш веќе нема да бидеме сами (ВИДЕО)
Шекеринска: Денешниот датум ќе биде впишан во учебниците по историја