Управниот суд одби 78 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, информираат за МИА од Управниот суд.
Левица поднесе вкупно 101 тужба до Управниот суд и тие се разгледуваат на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден.
Освен по тужбите од Левица, денеска Управниот суд има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократска унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.
Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, како и Единствена Македонија и коалиција „Никогаш Северна, само Македонија”, за кои Управниот суд сè уште нема закажано јавни расправи.
Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.