Според објавената карта, услови за невреме има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Според објавената карта, услови за невреме има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар…
Претходно денеска УХМР соопшти дека времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. За попладне се очекува да има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде од 28 до 34 степени.
И во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 33 во текот на денот.
