Од УХМР најавуваат дека и во следните денови ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност, а температурите ќе се искачат до 38 степени

Променливо облачно време со сончеви периоди прогнозираат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. За попладне се очекува да има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 34 степени.
И во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 33 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде од 28 до 35 степени.
Од УХМР најавуваат дека и во следните денови ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност, а температурите ќе се искачат до 38 степени.
