Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирусот. Две од нив досега немале симптоми, додека една докторка имала гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени, досега вкупно седум здравствени работници од оваа клиника се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на установата, Дејан Докиќ.
Тој вели дека докторките од 30 март се во домашна изолација, а вчера им било направено тестирање кое покажало дека се позитивни.
„На 21 април ќе им биде направено уште едно тестирање. Првозаразената наша вработена е медицинска сестра од Куманово, која со вирусот се заразила во местото каде што живее. Најверојатно дека докторките и другите медицински лица меѓусебно се инфицирале, можеби додека јаделе заедно во кујната“,
рече д-р Докиќ.
*поврзана вест Градоначалникот на Куманово е позитивен на ковид-19
*поврзана вест: Влада: Спасовски, Филипче, Османи и Адеми одат во самоизолација