Според него, кралското семејство сега поминува низ тежок период. Потоа, во интервјуто Трамп дал мислење и за и за други членови на кралското семејство, вклучително и за покојната кралица Елизабета Втора, која ја оценил како неверојатна, како и за кралот Чарлс Трети и принцот Хари
Републиканскиот претседателски кандидат на САД, Доналд Трамп, ја одбрани принцезата Кејт Мидлтон за скандалот што настана пред една недела откако неколку светски новински агенции ја повлекоа фотографијата која таа ја објави на нејзиниот инстаграм-профил, на која се гледа како насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна.

Трамп во интервју за британската телевизија Џи-би њуз со новинарот Најџел Фараж рече дека не разбира зошто се развиле контроверзии за тоа што таа ја уредила семејната фотографијата и потоа ја објавила на социјална мрежа.
„Принцезата од Велс го направи она што го прават и сите останати. Тоа не треба да биде голема работа“,
рече тој.
За време на интервјуто, Трамп се присетил на своите искуства кога се среќавал со филмски актери и често се прашувал дали тоа е истата личност од фотографиите во магазините.
„Сега сите станаа доктори за фотографии“,
вели Трамп.
Според него, кралското семејство сега поминува низ тежок период. Потоа, во интервјуто Трамп дал мислење и за и за други членови на кралското семејство, вклучително и за покојната кралица Елизабета Втора, која ја оценил како неверојатна, како и за кралот Чарлс Трети и принцот Хари.
„Јас сум голем обожавател на концептот на кралското семејство. Сметам дека кралицата беше неверојатна. Замислете, сите тие години додека владееше, таа речиси никогаш не погрешила“,
рече тој.
Говорејќи за кралот Чарлс Трети, Трамп истакна дека му се допаѓа владејачкиот монарх, иако тие не се согласуваат за еколошките прашања. За здравјето на кралот, Трамп се надева дека ќе биде добро.
Во јануари принцезата од Велс беше хоспитализирана поради операција на абдоменот. Тогаш Кенсингтонската палата соопшти дека таа ќе се повчеле од јавните должности и нема да се појавува во јавноста до Велигден.
Британскиот весник „Дејли мирор“, кој го цитира Би-би-си, наведува дека најмалку еден член на болничкиот персонал бил фатен при обидот да пристапи до приватните медицински досиеја на Кејт Мидлтон.
Сепак, нејзиното отсуство поттикна заговори и теории, кои не се смирија со објавувањето на фотографијата на социјалните мрежи од Кејт и нејзините три деца на Денот на мајката.
Неколку новинските агенции ја повлекоа откако открија дека е уредувана и не ги почитува нивните уредувачки стандарди.
Во објава на социјалната мрежа Икс, принцезата Кејт призна дека направила измени на фотографијата, нешто што го дозволува и самата апликација на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа таа се извинила за забуната што ја предизвикала објавувајќи ја семејната фотографија.
„Како и многумина аматери фотографи, понекогаш експериментирам со можноста за измена и обработка на фотографии. Се извинувам за каква било забуна со фотографијата која вчера ја објавивме. Се надевам дека сите го прославивте Денот на мајката“,
напиша таа.
Изминатите денови Кејт стана повторно актуелна поради видео што го објави британскиот весник „Сан“ на кое се гледа како таа со принцот Вилијам пазари во локална продавница на фарма во Винздор, која се наоѓа близу до нивниот дом во Беркшир.
Видеото е објавено во британскиот весник „Сан“, а се смета дека тоа прво нејзино појавување откако таа била хоспитализирана.