Според списокот на СЗО и Алијансата ГАВИ за вакцини, кој е затворен во петокот, кога истече рокот, има 64 богати земји
Вкупно 156 држави се приклучија на глобалнниот план Ковакс, чија цел е да обезбеди фер дистрибуција вакцините против ковид-19, соопшти денеска сојузот предводен од Светската здравствена организација (СЗО).
Според овој план, фокусот на првото вакцинирање е на најризичните групи во секоја земја, како што се здравствените работници.
Според списокот на СЗО и Алијансата ГАВИ за вакцини, кој е затворен во петокот, кога истече рокот, има 64 богати земји.
Ковакс има за цел да набави и испорача 2 милијарди дози одобрени вакцини до крајот на 2021 година, но некои земји кои обезбедија сопствени резерви преку билатерални зделки, вклучително и САД, соопштија дека нема да се приклучат.
Светската здравствена организација, на почетокот на овој месец, соопшти дека не очекува масовната вакцинација против ковид-19 до средината на следната година.
Истражувачите во светот се во фаза на развој на повеќе од 170 потенцијални вакцини за заштита од коронавирус.