Последната земја во која е регистриран вирусот е Северна Кореја, која денеска официјално го потврди првиот случај на заболување од ковид-19 во оваа земја. Севернокорејските државни медиуми јавуваат дека во Пјонгјанг е откриена позаразна подваријанта на вирусот омикрон познат како БА.2
Туркменистан и Тувалу и натаму тврдат дека во ковид две и пол години никој не се заразил со вирусот кој предизвика пандемија
Само во две од 193 земји кои се полноправни членки на Обединетите нации (ОН) досега не регистрирале ниту еден случај на заразен со коронавирус, во изминатите две и пол години пандемија, а според Светската здравствена организација (СЗО), заразени има на сите континенти освен на Антарктикот.
Последната земја во која е регистриран вирусот е Северна Кореја, која денеска официјално го потврди првиот случај на заболување од ковид-19 во оваа земја. Севернокорејските државни медиуми јавуваат дека во Пјонгјанг е откриена позаразна подваријанта на вирусот омикрон познат како БА.2.
Во извештајот се наведува дека луѓето во Пјонгјанг се заразиле со варијантата омикрон, без детали за бројот на случаи или можни извори на инфекција.
Поради ова во земјата се воведени строги рестрикции.
Туркменистан сега е единствената азиска земја која нема потврдено присуство на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани повеќе од 7,2 милиони луѓе од почетокот на пандемијата, како и со Казахстан, кој има околу 1,3 милиони случаи.
Имаше спорадични извештаи за граѓани на Туркменистан кои страдаат од симптоми на коронавирус, па дури и наводни смртни случаи, но тамошните власти досега не пријавиле случаи на инфекција.
Друга земја каде коронавирусот не е потврден е Тувалу и се наоѓа во Океанија. Се состои од девет острови и е четврта најмала земја во светот по население, а зафаќа површина од 26 квадратни километри.