Во извештајот се наведува дека луѓето во Пјонгјанг се заразиле со варијантата омикрон, без да се наведат детали за бројот на случаи или можни извори на инфекција
Северна Кореја официјално го потврди првиот случај на ковид-19 денеска, а државните медиуми јавуваат дека во Пјонгјанг е откриена позаразна подваријанта на вирусот омикрон познат како БА.2.
„Најголемата вонредна ситуација во земјата се случи поради пукнатина на нашиот карантински фронт, кој успешно го заштитивме во последните две години и три месеци, од февруари 2020 година“,
објавија државните медиуми.
Во извештајот се наведува дека луѓето во Пјонгјанг се заразиле со варијантата омикрон, без да се наведат детали за бројот на случаи или за можни извори на инфекција.
Истовремено со објавувањето на извештајот, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претседаваше со состанокот на владејачката партија на кој се разговараше за одговорите на првото избивање на епидемијата на коронавирус во земјата.
Северна Кореја досега заедно со уште неколку држави во светот тврдеше дека нема ниту еден случај на заразен со коронавирус во изминатите две и пол години од почетокот на пандемијата.