Инвеститорите, како што е предвидено со измените на Законот, сега се должни само да ја известат општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтаци, како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори
Денеска стапија во сила измените на Законот за градење со кои се поедноставува процедурата за за поставување фотонапонски електроцентрали на објектите – до шест киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите, соопштија од Владата.

„Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение/решение за градење од локалната самоуправа“,
се наведува во соопштението.
Инвеститорите, како што е предвидено со измените на Законот, сега се должни само да ја известат општината и да ги достават потребните документи.
За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтаци, како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори.
„Граѓаните, попрецизно, треба да достават известување за поставување на фотонапонска електроцентрала кон кое ќе приложат: копија од лична карта, имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави фотонапонската електроцентрала, со право на сопственост на инвеститорот, доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот, основен проект за фотонапонска електроцентрала до 6 киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите“,
стои во соопштението.
Со измените, како што е предвидено, се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.
Измените на Законот за градење со кои се поедноставува процедурата за поставување на фотоволтаици е дел од мерките за поддршка во услови на светската енергетска криза.
„Покрај приоритетното обезбедување со електрична енергија и храна, се инвестира во проекти за зголемување на енергетската независност, развој на зелена економија и подобар животен стандард. Од почетокот на кризата, со цел забавување на прелевањето на инфлаторните притисоци, беа преземени мерки во износ од 400 милиони евра, кои потоа беа надополнети со мерки предвидени во ребалансот на Буџетот и како трет сет мерки е најновиот пакет од 360 милиони евра поддршка за граѓаните и за стопанството“,
велат од Владата.
Мерките за олеснување на процедурата за поставување фотоволтаици ја најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на 30 август на прес-конференција.
„Имајќи предвид дека сме во енергетска светска криза, како Министерство правиме напори секој граѓани да може да постави фотонапонски централи на своите објекти. На денешната владина седница поминаа овие измени во однос на поедноставни процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривата на домаќинствата и стопанските објекти, а сакам да апелирам до сите пратеници проактивно да се вклучат и да ги изгласаат овие законски измени веќе на следната собраниска седница,
порача тогаш Бочварски.