За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 11 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 26 до 36 степени.
И во Скопје денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 35 во текот на денот.
За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утре во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
