Техничкиот премиер Оливер Спасовски ја поддржува иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието со цел да одржи седница за да се потврдат одлуките на претседателот на државата за воведувањето вонредна состојба поради ковид-19.
Спасовски во „Утрински брифинг“ изјави дека добро е да функционира парламентот и пратениците да бидат на своите задачи.
„Јас го кажав мојот став и неколкупати досега. Сметам дека Собранието може да се состане заради тоа и според Изборниот законик и според Законот за Собранието пратениците имаат мандат се до изборот на новите пратеници. Ние како техничка Влада посакувавме да имаме Законодавен дом којшто ќе функционира. Ние се наоѓавме во состојба на распишани избори, немаме Парламент, ни се случи здравствената криза. Едноставно сметавме дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието“,
рече Спасовски.
За иницијативата за свикување на Собранието треба да се соберат најмалку 20 потписи, но, тоа не е гаранција дека собранискиот спикер Талат Џафери ќе свика седница. Тој во неколку наврати посочи дека распуштениот парламент нема мандат да се состане повторно и да носи одлуки.
Поврзани вести:
Мисајловски за свикување на Собранието: Заев си носи лични решенија на штета на државата
ДПА е за свикување на Собранието и формирање влада на национално единство