Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, на 16 август донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција
Со жалбата која ја поднесе минатата недела, како што рече Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“
Советот на јавни обвинители денеска на седница, ја разгледува жалбата на обвинителката Вилма Русковска на суспензијата.
Седницата не е јавна, откако членовите на Советот со мнозинство одлучија да се исклучи јавноста и новинарите не ја следат седницата. Причина за ова е заштита на обвинителите инволвирани во процесот.
Обвинителката Вилма Русковска минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители.
Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, на 16 август донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција.
Истиот ден оставка од функцијата поднесе и Арафат Муареми, а ваквиот чекор, според писмената изјава, го става во директна корелација со решението на Јавниот обвинител Јовески.
„Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување, по своја сопствена волја, се повлекувам од функцијата в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“,
се вели во писмената изјава на Муареми.
Владата вчера го разреши Муареми и на местото в.д. директор на Управата за финансиска полиција го назначи Горан Иванов.