Од шестмината предлог-кандидати за уставни судии кои се предлог на опозицијата, досега, покрај кандидатурата на Витларов, одбиена е и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Два од трите предлог-кандидати предложени од власта, пак, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева го поминаа комисискиот филтер
Предлог-кандидатот за уставен судија Тодор Витларов, предложен од ВМРО-ДПМНЕ не ја доби поддршката од собраниската Комисија да биде судија во Уставниот суд. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со четири гласа „за“ и шест „против“ не ja утврди кандидатурата на Витларов кој е вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип.
Од шестмината предлог-кандидати за уставни судии кои се предлог на опозицијата, досега, покрај кандидатурата на Витларов, одбиена е и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Два од трите предлог-кандидати предложени од власта, пак, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева ја добија поддршката од собраниската Комисија да бидат уставни судии.
Скендер е граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, а Васиќ-Бозаџиева, е вработена во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.
Во собраниската Комисија треба да се дебатира и за предлогот на СДСМ републичкиот обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија, како и преостанатите пет предлози од опозицијата: пензионираниот професор Саво Климовски, охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судијка од Битола, Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски.
Денешната, 13. Седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи со расправа за останатите кандидати, поточно судијата во пензија, Бранко Секуловски.