Закржевски и Кувшинова загинале „како резултат на артилериско гранатирање од страна на руските трупи во североисточниот дел на селото Горенка“
Снимател на Фокс њуз“ и украинска новинарка се убиени од „артилериско гранатирање на руските војници“ додека известувале за војната во Украина.
Пјер Закржевски работеше со дописникот Бенџамин Хол кога нивното возило беше удрено во североисточниот дел на селото Горенка, во близина на Киев, јави Скај њуз.
Фокс њуз објави за нападот и повредата на Хол во понеделникот, информирајќи дека репортерот „бил повреден додека собирал вести надвор од Киев во Украина“.
За украинската новинарка Олександра Кувшинова (24), исто така, беше соопштено дека е убиена во нападот.
Украинската новинска веб-страница kp.ua објави дека Закржевски и Кувшинова загинале „како резултат на артилериско гранатирање од страна на руските трупи во североисточниот дел на селото Горенка“, иако не се дадени повеќе детали.