Бен е хоспитализиран и нашите теренски тимови работат на собирање дополнителни информации, се вели во соопштението на Фокс њуз, чиј новинар Бенџамин Хол известувал од Киев, додека руските сили последниве недели се се поблиску до главиот град на Украина
Репортерот на американската кабелска ТВ Фокс Њуз, Бенџамин Хол, е ранет денеска додека известувал од Киев, пренесе телевизијата.
Веста ја соопшти извршната директорка на таа медиумска корпорација Сузан Скот.
„Претходно денеска, нашиот дописник Бенџамин Хол беше повреден додека собираше вести надвор од Киев во Украина“,
рече Скот, додавајќи дека во моментот располагаат со многу малку детали.
„Бен е хоспитализиран и нашите теренски тимови работат на собирање дополнителни информации“,
се вели во соопштението на Фокс њуз, чиј новинар известувал од Киев, додека руските сили последниве недели се се поблиску до главиот град на Украина.
Скот изјави дека „главен приоритет“ е безбедноста на целиот новинарски тим во Украина „и околните региони“.
„Ова е силен потсетник за сите новинари кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за да информираат од воената зона“,
рече извршната директорка на Фокс њуз.
Бенџамин Хол е еден од известувачите на Фокс њуз од Стејт департментот.
BREAKING: @johnrobertsFox reports that “a Fox News journalist has been injured while newsgathering outside of Kyiv.” pic.twitter.com/Oi9l5O0f65
— Mediaite (@Mediaite) March 14, 2022
Вчера беше убиен поранешниот новинар на „Њујорк Тајмс“ Брент Рено во близина на Киев, кога руските сили отвориле оган на автомобил во близина на Ирпин, пренесе „Гардијан“.