Цената на суровата нафта од типот „брент“ се зголеми за 1,17 долари, или 1,11отсто, односно на 106,89 долари за барел. Цената на американската сурова нафта ВТИ, пак, се зголеми за 1,10 долари, или 1,09 отсто, односно на 102,27 долари за барел
Зголемувањето на цените, според познавачите на проблематиката, е дополнително поттикнато од загриженоста во врска со нападите и запленувањата на бродови во Ормускиот Теснец, еден од клучните правци за глобален транспорт на нафта
Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од еден отсто откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Ројтерс.

Цената на суровата нафта од типот „брент“ се зголеми за 1,17 долари, или 1,11отсто, односно на 106,89 долари за барел. Цената на американската сурова нафта ВТИ, пак, се зголеми за 1,10 долари, или 1,09 отсто, односно на 102,27 долари за барел.
Зголемувањето на цените, според познавачите на проблематиката, е дополнително поттикнато од загриженоста во врска со нападите и запленувањата на бродови во Ормускиот Теснец, еден од клучните правци за глобален транспорт на нафта.
Скокот на цените дојде и покрај извештаите од Иран дека вчера околу 30 брода поминале низ Теснецот.
За оваа недела, „брент“ бележи раст од речиси шест отсто, а американската ВТИ повеќе од седум отсто, што е поттикнато од неизвесноста околу примирјето во конфликтот со Иран и можната ескалација на состојбата во регионот.
Трамп изјави дека со Ѓинпинг разговарале за потребата Техеран повторно да го отвори Ормускиот Теснец.
Иако кинескиот претседател не ги коментираше директно разговорите со Трамп за Иран, сепак кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека конфликтот нема причина да продолжи.
Во меѓувреме е објавено дека брод во близина на Обединетите Арапски Емирати е запленет од иранска страна, додека индиски товарен брод потонал во близина на брегот на Оман.
Белата куќа соопшти дека Трамп и Си се согласиле за потребата од одржување на отворени поморските маршрути низ Ормускиот Теснец.
Според Иранската револуционерна гарда, околу 30 брода вчера го преминале Теснецот, што е значително помалку од вообичаените 140 брода дневно од пред конфликтот, но сепак претставува зголемување на сообраќајот.
Аналитичарите оценуваат дека главен фактор за растот на цените останува ограниченото снабдување со нафта и неизвесноста на глобалниот пазар.
Инаку, Трамп изјави дека добил силно ветување од Си дека Кина нема да испорачува воена опрема на Иран, а што се однесува до Ормускиот Теснец, кинескиот претседател му рекол на својот американски колега дека доколку може со задоволство ќе помогне во решавање на ситуацијата со блокадата на виталниот поморски пат низ кој поминува една петтина од светската нафта и течен природен гас.
