Американскиот претседател го оцени неговиот однос Си Ѓинпинг како многу силен, по што соопшти дека со својот домаќин разговарале за Иран и се согласиле дека земјата не треба да има нуклеарно оружје
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг за војната во Иран, наведувајќи дека и двајцата се согласиле оти не сакаат Техеран да поседува нуклеарно оружје и дека Ормускиот теснец треба да биде отворен за пловидба, пренесуваат светските медиуми.

Трамп и неговиот домаќин Си утрово го започнаа последната сесија од разговорите во Пекинг, откако американскиот претседател изјави дека обезбедил понуда за помош од Кина за повторно отворање на Ормускиот теснец и ветување за голема нарачка на воздухоплови „Боинг“.
Лидерите на двете светски суперсили утрово се сретнаа во резиденцијалниот ограден комплекс Џонгханај во Пекинг, а фотографиите, објавени од светските агенции покажуваат како Трамп и Си се ракуваат во градината на комплексот во срцето на кинеската престолнина.
„Решивме многу различни проблеми што другите луѓе не можеа да ги решат“,
изјави Трамп по средбата.
Агендата вклучуваше разговори во која двајцата лидери се напија чај, по што следеше работен ручек, пред Трамп да ја напушти земјата и да се врати во Соединетите Американски Држави денеска попладне, според локално време.
Американскиот претседател го оцени неговиот однос Си Ѓинпинг како многу силен, по што соопшти дека со својот домаќин разговарале за Иран и се согласиле дека земјата не треба да има нуклеарно оружје.
„Разговаравме за Иран. Имаме слични мислења во врска со тоа како сакаме да заврши (војната). Не сакаме тие да имаат нуклеарно оружје. Сакаме теснецот да биде отворен“,
изјави Трамп, пренесе британски „Гардијан“.
Претходно вечера, во интервју на Фоксњуз, Трамп, изјави дека од Пекинг ќе замине со охрабрувачки ветувања во Си Ѓинпинг во врска со кризата на Блискиот Исток.
Како што наведе тој, добил силно ветување од Си дека Кина нема да испорачува воена опрема на Иран, а што се однесува до Ормускиот теснец, кинескиот претседател му рекол на својот американски колега дека доколку може со задоволство ќе помогне во решавање на ситуацијата со блокадата на виталниот поморски пат низ кој поминува едена петтина од светската нафта и течен природен гас.
Прекинг денеска повика на целосен прекин на огнот на Блискиот Исток и повторно отворање на Ормускиот теснец што е можно поскоро, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Кина, издадено на маргините на дводневниот самит.
Од Министерството наведуваат дека конфликтот никогаш не требало да се случи и дека Кина ќе продолжи да има конструктивна улога во напорите за постигнување мировно решение.
Трамп, исто така, соопшти дека, неговиот домаќин дал ветување дека Кина ќе купи 200 големи авиони „Боинг“, што како што наведува Франс прес, е голема бројка, но помала во споредба со нарачка на 500 авиони од типот „737 Макс“ и околу 100 од типот „787 Дримлајнер“ и „777“, за која се објавуваше во медиумите изминатите неколку месеци.
Исто така, Си потврдил, наведе Трамп, дека Кина сака да купува американска нафта и земјоделски производи, но без да наведе конкретни бројки.
Инаку, посетите на странски лидери на комплексот Џонгнахај, поранешна царсдка градина во непосредна близина на Забранетиот град, се релативно ретки.
