„Сè уште не знам да бидам искрена. Размислувам низ призма на мојот живот. Понудата да, но секој од нас има некој карактер. Јас многу сакам да талкам, не знам како би било да чекори некој покрај мене. Не знам како би било да живеам некаде, а не дома. Се уште немам конечна одлука“, рече таа
Пратеничката и универзитетска професорка Гордана Силјановска-Давкова се уште не одлучила дали по втор пат ќе се кандидира за претседател на државата на претстојните избори кои треба да се одржат во 24 април и 8 мај годинава.
На оваа тема потврди дека разговарала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Уверена е дека на овие претседателски избори е можен поинаков изборен резултат од тие пред пет години.
„Се уште не знам да бидам искрена. Размислувам низ призма на мојот живот. Понудата да, но секој од нас има некој карактер. Јас многу сакам да талкам, не знам како би било да чекори некој покрај мене. Не знам како би било да живеам некаде, а не дома. Се уште немам конечна одлука“,
вели Силјановска-Давкова.
За ваквите размислувања вели дека се уште не расчистила со себе, иако во 2019 година била кандидат за претседател на државата.
„ За жал не сум расчистила. Тогаш бев политички наивна“,
рече таа.
Таа веќе разговарала за ова со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но потенцира дека нема креирано крајно решение.
„Што се однесува до подготвеноста немам проблем, ниту со уморот. Сакам да работам“,
вели пратеничката.
Според неа, постојат многу причини зошто резултатот од претходните претседателски избори би бил различен од оној во 2019 година, ако спроти неа за кандидат се најде повторно сегашниот претседател Стево Пендаровски.
„Има многу причини за поинаков резултат. И сегашниот претседател бил пратеник и јас сум пратеничка. Тоа е најотврениот граѓански дом. Граѓаните можат да споредуваат. Тие многу често се прашуваат, што направи тој пратеник. Со децении се збогував со политиката и се посветив на професијата и во 2019 година и за мене, а веројатно за сите беше изненадување. Кога не сте член на партија треба многу да сторите, за да ви веруваат и оние кои негогаш сте ги критикувале. Значи почнувате од нула, по четири години, патот е изоден, јас сум човек која сака да реформира, во главата имам слика што треба да прави еден претседател. За жал, малкумина го правеле тоа што можат“,
вели Силјановска-Давкова.
На прашањето што актуелниот претседател не направил, а можел, Силјановска-Давкова вели дека тој воопшто не го користел институтот обракање.
„Воопшто не го користи институтот обраќање. Го користи најмногу еднаш во годината. Тоа е инзвонреден институт. Претседателите ги претставуваат граѓаните. Во името на граѓаните да се обраќаат секогаш кога ќе видат дека најфрагилните категории на граѓаните се повредени. Ние имавме состојби со Онкологија, и со Евроинтеграциите и со многу други случаи. Вакви поделби одамна немало. Или тлееле. Претседателот е тој кој персонифицира единство на нацијата. Воопшто не го видов. Замислете претседател кој ќе го употреби ветото. Замислете ги членовите што ги предлага претседателот, тие треба да бидат најдобрите, а за жал не се такви. Замислете за измените на Кривичниот законик да не ставите вето. Бидете сигурни дека јас би го праверла ова“,
вели таа.
Истакна дека секој може да се кандидира за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе треба да го претстави својот програм на конвенцијата, но конечното решение ќе биде донесено од делегатите.
Во однос на најавите на албанскиот опозициски блок дека ќе настапат со свој претседателски кандидат и дали наскоро може да се очекува претседател Албанец, Силјановска-Давкова вели дека нема проблем со етничката припадност на кандидатите за претседател. Најважно за неа е знаењето и елоквентноста на кандидатот.
„Мене воопшто не ми е проблем да има кандидат за претседател на државата Албанец, но најважно е кој е кандидатот. Крајно време е знаењето да го ставиме пред партиската припадност“,
вели Силјановска-Давкова.
Не можам со сигурност да кажам. Вака пратеничката Гордана Силјановска-Давкова одговари на прашањето дали повторно ќе биде кандидатка за претседател на државата на претстојните избори откако се кандидираше во 2019 г. и загуби од актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски во емисијата „360 степени“ на МРТ1.
Таа и тогаш рече дека размислува за ова прашање и дека има многу дилеми. Вели дека кога се во прашање жените и мајките, тие „мерат“ многу работи. Решавачки за неа ќе бидат разговорот со семејството, нејзината лична промисла, како и анализата на нејзината улога како пратеничка во Собранието.
Уште во ноември минатата година Силјановска-Давкова и поранешниот пратеник и професор по уставно право Александар Спасеновски беа две од имињата што во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се вртеа како можни претседателски кандидати.