Нова видеоснимка се појави од настанот во кој полицијата тепаше припадници на ромската заедница во Битола. Новата снимка ја објави Тв 24, а на неа се гледа настанот од друг агол.
„Мавајте, мавајте“ – се слуша на снимката, а се забележуваат неколку полициски службеници и други луѓе.
Како што веќе се познато во јавноста, станува збор за битолчани кои направиле сообраќајна несреќа, а потоа биле брутално претепан од полицијата.
Првото видео беше објавено на социјалните мрежи вчера, а денеска се појави уште една снимка.
Денеска се одржа и мирен протест против полициската бруталност во Битола во организација на неколку ромски здруженија.
Присутните побараа случајот да се расчисти докрај и полицискиот службеник да биде казнет со цел во иднина да не се случуваат вакви настани. Демонстрантите кои мирно маршираа од главната пошта во Битола па се до зградата на полицијата рекоа дека Ромите се најчестата група кои се дискирминирани, а тоа го посочија и во овој случај.
Вчера пак, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди настанот и информира дека се преземени соодветни мерки против полициски службеници.