Дронот, за кој се верува дека носел опрема за надзор, останал во полскиот воздушен простор осум минути пред да се врати во Украина. Полската војска соопшти дека било дадено овластување за соборување на леталото, но било одлучено да не се отвора оган откако тоа го променило правецот и се упатило кон исток
Руско беспилотно летало накратко навлегло во воздушниот простор на Полска за време на напад на Украина во текот на ноќта. Заменик-министерот за одбрана на Полска, Павел Залевски, претпоставува дека станува збор за намерен чин. Рече дека војската одлучила да не го собори дронот поради ризици за цивилните имоти во областа.

„Тешко е да се замисли дека ова е случајност, па затоа претпоставуваме дека станува збор за намерен чин“,
изјави заменик-министерот за одбрана на Полска.
Дронот, за кој се верува дека носел опрема за надзор, останал во полскиот воздушен простор осум минути пред да се врати во Украина. Полската војска соопшти дека било дадено овластување за соборување на леталото, но било одлучено да не се отвора оган откако тоа го променило правецот и се упатило кон исток, притоа земајќи ја во предвид потенцијалната закана за цивилите.
Инцидентот се случува само неколку дена откако три крстосувачки ракети паднаа во Полска за време на голем напад врз Украина и на само неколку часа откако НАТО одржа вонредни разговори поради нарушувањето на воздушниот простор минатата недела. Како дел од својот одговор на последните инциденти, НАТО Алијансата одлучи да распореди авион од системот за рано предупредување АВАКС во Полска.
