Се чекаат резултати од коронавирус за две лица на кои материјалите им се земени откако починале, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Станува збор за маж од Битола кој би пронајден мртов во својот дом и за жена од струшко Лабуништа, која починала завчера на интерното одделение во Струга.
„За овие две случаи направен е тест постмортем и согласно резултатите ќе се преземат понатамошни евентуални мерки“,
рече Филипче.
*Поврзани вести:
Арслани за Телма: Жена починала во струшката болница, се испитува дали причината е коронавирус
Филипче: Многу општини бараат целосен карантин, но будно следиме каква е поврзаноста на заразените
Mобилната болница и дополнителни нови пунктови од утре во функција