Жена од Лабуништа вчера попладне починала на интерното одделение во Струга, а посмртно ѝ е земен брис за анализа за да се испита дали причината за смртта е коронавирусот, изјави за Телма заменик-министерот за здравство Арменд Арслани.
Тој додава дека таа веќе лежела на интерната клиника во Струга поради други здравствени проблеми, но се појавиле проблеми со респираторните органи, по што починала.
Две лица од Лабуништа вчера попладне се пренесени на Инфективната клиника во Скопје. И за нив нема потврда дали биле заболени од коронавирусот.
Арслани најави дополнителни мерки за постапување во Љубаништа, каде се прави епидемиолошка анкета на оние што биле во контакт со лицата кои покажувале симптоми на ковид-19, како и лицата кои имала контакт со починатата.