Владејачкиот СДСМ реагира дека ангажираноста да се прикрие дека Христијан Мицкоски ги прекршил забраните докажува дека тој многу добро знаел оти не смее да биде во затворен дел од ресторанот, како и дека неговото тврдење дека не ги знаел протоколите е лажно.
„Според најновите информации објавени од високи функционери во МВР, униформирани полицајци дошле до ресторанот каде седел Мицкоски во обид да го спасат Мицкоски од одговорност. Во обид најверојатно да го одбрани Мицкоски еден од сопствениците тврдел дека снимачот од безбедносните камери бил украден, но по претресот снимачот бил пронајден“,
велат од СДСМ.
Социјалдемократите велат дека покрај незрело и неодговорно, во исто време ваквото однесување е и опасно за здравјето на граѓаните, па бараат одговорност.
*Поврзани вести:
Видео од Мицкоски како се движи пред кафеаната се појави на Фејсбук
Мицкоски призна дека бил во ресторанот: Не бев доволно информиран за новите протоколи