Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за посетата на високиот американски дипломат Габриел Ескобар изјави дека власта ги повикува меѓународните претставници да му вршат притисок и тортура околу уставните измени
Германската надворешна политика никогаш не измачува. Вообичаено се обидуваме да убедиме со добри аргументи. Ваков одговор даде специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин во интервју за магазинот „Клик плус“ на прашањето дали измачил некого при посетата на Македонија, во однос на неодамнешниот коментар на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за посетата на високиот американски дипломат Габриел Ескобар дека власта ги повикува меѓународните претставници да му вршат притисок и тортура околу уставните измени.
Во врска со средбата со Мицкоски, Сарацин рече:
„Мислам дека не се почувствува измачено. И јас не бев измачуван“.
Тој порача дека не треба да се губи време и упати порака до пратениците да ги изгласаат уставните измени.
„Сакав да дојдам и пак да разговараме овде во Скопје. Бев овде пред летото и сум за да се изгласаат уставните измени. Мислам дека следниот месец ќе биде запишан во историјата како почеток на новиот лик на европската историја оти ќе почне нов тренд во проширувањето. Како што кажав и пред летото, не губете време. Знам дека во С Македонија ова звучи малку смешно зашто веќе загубивте премногу време, не само поради вас самите, туку и поради надворешните фактори, дури и од ЕУ. Не мислам само на Бугарија и Фрнација. Понекогаш и ние бевме дел од проблемот. Но ако тргнеме се на страна, да не губиме уште повеќе време. Јас не можам да гласам за уставните измени. Не сум пратеник во парламентот, џабе ќе биде и измачувањето“,
изјави Сарацин.