„Лицето Д.Ј. кое е два во едно на актуелниот градоначаник на Општина Неготино, тоа е лицето-насилник кое во моментов извршува функција архивар и технички секретар во Општина Неготино, за да денес биде приведен и таму треба да остане и да биде казнет како што заслужува“, обвини Ристова
Пратеничката на СДСМ, Лолита Ристова го обвини пратеникот Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ дека инфилтрирал насилници при протестите пред Собранието. Таа рече дека едно од приведените лица за немирите е вработен во Општина Неготино.
„Засрамете се вие како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Неготино којшто инфилтрирате насилници на протестите пред Собранието, тоа не е тајна, тоа е повеќе од јавно. Гласно и јасно кажуваме – тоа е вашиот припадник на вашата партија. Лицето Д.Ј. кое е два во едно на актуелниот градоначалник на Општина Неготино, тоа е лицето насилник кое во моментов извршува функција архивар и технички секретар во Општина Неготино, за да денес биде приведени и таму треба да остане и да биде казнет како што заслужува“,
изјави Ристова.
На ова кратко реплицираше Пенков велејќи ѝ да се потсети на Шарената револуција.
„За она што вие го кажавте дека некој бил хулиган и насилник, па сетете се на Шарената револуција, колешке Ристова, сетете се какви сè глупости се правеа“,
рече тој.
Претходно, пратеникот Пенков во својот говор на собранискита седница на која се расправа за францускиот предлог, рече дека Информацијата од шест реченици што ја добиле од Владата е најголемо понижување на пратениците досега. Поранешниот премиер Зоран Заев го нарече „несудениот нобеловец“ кој фашистичкиот окупатор го нарекол администратор.
„Дали во новите учебници ќе стои дека еволутивниот процес за нас Македонците не е на Дарвин, туку еволутивен процес според Зоран Заев – од Македонци, кратко Северномакедонци и брзо, брзо – Бугари“,
рече тој.
Праша дали некоја од 27 земји членки на Европската Унија го преживувала ова што денеска го прешивува Македонија обвинувајќи дека во 21. век се случува асимилација на македонскиот народ.