Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Коцевски им порача на колегите од власта дека со прифаќањето на францускиот предлог за ситни пари и привилегија вршат предавство. Тој фрли монети кон нив велејќи дека цената им паднала.
„Ве проколнувам вас предавници кои ќе го извршите ова предавство Да не видите мир во душите ваши и во вашите бедни предавнички животи. Еве ви ситниш. Аир да не видите“,
рече Коцевски од собраниската говорница.
Неговата колешка, Гордана Сиљановска Давкова изрази зачуденост до кај одат бугарските барања и праша како е можно Бугарија да бара заштита на Бугарите во Албанија кога такви нема според пописот во Албанија.
– Чии права ќе штитат? Ако Гоце Делчев роден во Кукуш, бил Бугарин зошто Бугарија не бара заштита на Бугарите во Грција,
вели Сиљановска Давкова.