Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие 117 лица низ државава не ја почитувале забраната за движење. Од нив, 89 биле приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат санкции.
МВР информира и дека во изминатото деноноќие на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.
Инаку, голем револт во јавноста синоќа предизвика приведувањето на момче што го шетало својот домашен миленик. Видеото на кое се гледа како полициски службеници со автомобили и полициско комбе го спроведуваат во станица наиде на осуди во јавноста, а министерот Наќе Чулев најави дека Одделот за внатрешна контрола ќе го испита случајот.