Засега не е позната причината како настанал пожарот во кругот на скопската фабрика
Пожарот кај фабриката ОХИС што избувна попладнево е ставен под контрола. Како што информира заменик-командирот на скопската пожарна Звонко Томески најверојатно постојат три точки каде што е започнат пожарот, како и дека моментално се работи на негово догаснување.
Томески за МИА изјави дека причината за избувнување на пожарот сè уште не е позната, но дека се работи на расчистување на случајот и дека најверојатно ќе се утврди пирчината за настанување на пожарите.
„Во моментов се работи на догаснување на пожарот, причината за избувнувањето не е позната, но истражните органи се на лице место, полека се расчистува и најверојатно ќе се утврди причината за настанување на пожарите“,
вели Томески.
Инаку, во гаснењето на пожарот е повреден еден пожарникар кој, како што рече Томевски, откако вдишал чад веднаш бил однесен со Брза помош во болница и во секој момент се очекуваат информации за неговата здравствена состојба.