Пожар во кругот на скопската фабрика ОХИС избувна попладнево. На терен се излезени и службеници на Министерството за внатрешни работи и пожарникарските екипи на Град Скопје.
🚨 Кај Охис – Скопје pic.twitter.com/wcxeErRgr0
— EnciklopedijaMK (@EnciklopedijaMK) August 5, 2021
Од Центарот за управување со кризи, велат дека во моментов се прибираат информации за овој пожар, но попрецизни информации ќе има подоцна, бидејќи екипите се на терен.
„Затвоен е патот кон Драчево. Во тек е прибирање на информации бидејќи имаме 18 пожари на територијата, пожарникарите на Град Скопје не успеаја да ни дадат конкретни податоци бидејќи противпожарните бригади се на терен, се справуваат“,
информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на прес-конференцијата попладнево.
Од ЦУК, информираат дека на терен кај пожарот кај ОХИС е и стечајниот управник со оглед дека фабриката е во стечај, а известен е и Инспекторатот за животна средина бидејќи и тој има таму свои надлежности.
Охис гори! pic.twitter.com/b72jMUjpet
— LoL (@maestroA_BK) August 5, 2021