Како што пренесе Н1, сите 19 присутни членови на РИК гласаа за официјално прифаќање на листата која брои 250 кандидати
Коалицијата „Народна Србија“ е првата опозициска политичка групација што донесе одлука да ја повлече својата изборна листа и да им се придружи на студентите
Опозицискиот коалициски сојуз „Народна Србија“, кој го сочинуваат парламентарното Народно движење на Србија, Еколошкото востание и Новото лице на Србија, во вторник (15 септември) објави дека ја повлекува својата изборна листа „Народен избор“ и дека ќе ја поддржи студентската листа на предвремените парламентарни избори, закажани за 25 октомври.
Републичката изборна комисија (РИК) на Србија, тело кое ги спроведува изборите, во вторникот вечерта ја потврди изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“ со 250 кандидати. Како што пренесе Н1, сите 19 присутни членови на РИК гласаа за официјално прифаќање на листата.

Членката на РИК, Марија Јовановиќ, на почетокот на седницата изјави дека вкупниот број на правно валидни потписи поднесени од студентите е 69 099. Таа наведе дека е утврдено оти изборниот список ги исполнува условите во однос на застапеноста на половите, како и дека е приложена целата законски пропишана документација, која е правно валидна, објави Н1.
Студентското движење потписите до РИК ги достави синоќа, а ги собираше во текот на викендот низ цела Србија, каде граѓани чекаа во редови повеќе од шест часа за да ја дадат својата поддршка.
На собирот во понеделникот, по повод предавањето на потписите, кој започна пред зградата на Ректоратот, Архивата на јавни собири објави дека во 17:50 часот биле присутни околу 6 000 луѓе, а во колоната на патот кон РИК имало 8 700 лица.
Инаку, опозициската коалиција „Народна Србија“ е првата што официјално донесе одлука да го смени предизборниот правец и да им се придружи на студентите.
Лидерот на Народното движење на Србија, една од трите партии во коалицијата, Мирослав Алексиќ (НПС) ја објасни одлуклата за повлекување на нивната изборна листа, велејќи дека против претседателот Александар Вучиќ можат да се борат само во референдумска атмосфера.
„Нашиот став е референдумска атмосфера. За да го постигнеме тоањ мора да направиме одредени отстапки. Имав разговори со претставниците на студентската листа и со други колеги од опозицијата и ја донесовме оваа одлука како еден вид наш придонес во однос на референдумската атмосфера“,
изјавил Алексиќ, пренесе Н1.
Дел од аналитичарите во Србија како добра ј оценуваат одлуката на коалицијата „Народна Србија“ да се откаже од одење на изборите. Според истражувачот во Институтот за филозофија и социјална теорија, Андреј Шево, станува збор за коалиција со мала изборна листа и гласачко тело, која тешко може да го помине изборниот цензус, па нивното самостојно учество на изборите само би одвлекло дел од гласовите.
Инаку, Студентската листа во вторникот во Нови Сад започна со претставуавње на својот план од 11 точки, насловен „Знаеме како“, а кампањата низ цела Србија ќе трае до 19 септември.
