Основите на интерпелацијата, велат од СДСМ, се недозволивото и недолично однесување на министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ кон пратениците и неговото политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратегиските интереси на земјава. СДСМ бара политичка одговорност од Стоилковиќ, обвинувајќи го за поврзаност со српски разузнавачки структури и настапи и активности поврзани со Русија
Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието поднесе интерпелација за работата на поранешниот вицепремиер и актуелен министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Опозиционерите бараат политичка одговорност за еден од, како што велат, извршителите на експретседателот на Србија, Александар Вучиќ, на кинеските и руските агенди, како и за ширењето омраза и величењето воени злосторници.

Основите на интерпелацијата, како што рече пратеникот Митко Трајчулески на денешната прес-конференција, се недозволиво и недолично однесување кон пратениците и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратегиските интереси на земјава. СДСМ бара политичка одговорност од Стоилковиќ, обвинувајќи го за поврзаност со српски разузнавачки структури и настапи и активности поврзани со Русија.
„Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ. Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се величи Ратко Младиќ, осуден за геноцид. Луѓе кои величат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции. Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесува на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“,
Во рамките на интерпелацијата, додаде тој, опфатени се и пцостите, навредите и заканите упатени кон пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи, до него и до пратеничката Арбана Пашоли.
„Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата. Стоилковиќ не беше повикан на одговорност, ниту некогаш лично се извини“,
вели Трајчулески.
Оваа интерпелација, оценуваат од СДСМ, е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност и бараат мнозинството во парламентот да одлучат меѓу заштита на достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат министерот Иван Стоилковиќ.
