Нејзината реакција следува по телевизиската дебата на ТВ Алфа, во која Богојески зборуваше за феминизмот, брачните односи и улогата на мажот во односот со жената. Тој изјави дека феминизмот ги поттикнал жените да го отфрлат машкиот надзор, а сопругот, како што рече, треба да има улога на надзорник на сопругата
Порача дека како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудува ваквите ставови на Богојески, оценувајќи дека тие го потценуваат достоинството и самостојноста на жените и дека насилството не смее да се оправдува или релативизира
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на социјалната мрежа Фејсбук ги осуди ставовите на Петар Богојески, лидерот на партијата Македонски концепт и наставник на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, изнесени во телевизиска дебата на ТВ Алфа, оценувајќи ги како понижувачки и опасни за жените.

Според Митева, станува збор за понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството на жените и ги поткопуваат вредностите на демократското општество.
„Со згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од ‘машки надзор‘. Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво“,
пишува таа на Фесбук.
Најстрашно, како што вели Митева, е тоа што во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи.
„Тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда“,
додава Митева.
Порача дека како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудува ваквите ставови на Богојески, оценувајќи дека тие го потценуваат достоинството и самостојноста на жените и дека насилството не смее да се оправдува или релативизира.
„Нашата заложба за ‘За една повеќе‘ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева. Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување. Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството“,
се вели во нејзината реакција на Фејсбук.
Нејзината реакција следува по телевизиската дебата на ТВ Алфа, во која Богојески зборуваше за феминизмот, брачните односи и улогата на мажот во односот со жената. Тој посочи дека феминизмот ги поттикнал жените да го отфрлат машкиот надзор, посочувајќи дека сопругот треба да има улога на надзорник.
„Фенимизмот е тој што жените ги направи да се однесдуваат на неадекватен начин и да отфрлат каков било машки надзор. Сопругот треба да и вржи надзор на сопругата оти тоа му е задача“,
рече тој.
Еден од спорните моменти во дебатата беше разговорот за неверството и реакцијата на сопругот.
Богојески постави прашање дали неверството на сопругата може да се смета за насилство врз сопругот, по што изјави:
„Тоа неговото не е насилство. Неговото е реакција на заштита на неговото достоинство“.
Даде коментар и за однесувањето на група жени на настан во „Јуроп хаус“ во Скопје, поврзувајќи го со отсуството на машки надзор.
„Кој знае што правеа таму, медитираа. Тоа нормална жена не го прави. Феминизмот, тие наметнувања на некакви нови т.н. вредности, односно антивредности, доведе до тоа жените да го изгубат својот пат и правата девијантни појави. Затоа често велам, еве ви доказ како се однесува жена без машки надзор“,
рече Богојески.
