Од опозицијата најавуваат дека во идниот период ќе има и нови кадровски освежувања
Покрај одлуката за блокада на Собранието почнувајќи од 10 мај, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучувал и за кадровски решенија за што биле именувани нови претседатели на 19 извршни комитети.
„Овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се избрани ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја задушува државата. Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања. Промените се случуваат секогаш со народот“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од поголемите општински комитети, нови претседатели има во Куманово, Штип, Гевгелија… Целосната листа со новите кадровски решенија која утрово ја објави ВМРО-ДПМНЕ е следна:
- Македонски Брод – Бисера Златеска
- Куманово – Бобан Николовски
- Зелениково-Дејан Димишковски
- Свети Николе – Илија Стоилев
- Штип-Душко Иванов
- Чашка-Трајче Мишковски
- Пробиштип-Оливер Митев
- Чешиново Облешево – Јорданчо Костадинов
- Валандово-Јулија Тушевска
- Пехчево-Николчо Спасовски
- Карбинци-Гордана Брбашка
- Градско-Александар Георгиевски
- Гевгелија-Димитар Вегов
- Дојран-Илија Тентов
- Демир Капија-Наталија Димитриева
- Новаци-Илче Трајковски
- Росоман-Ѓорги Крстевски
- Крушево-Александра Мијајлевска Стефановска
- Долнени-Сашко Велјановски.