Според социјалдемократите, ова е наредба од Никола Груевски која доаѓа десетина дека откако експремиерот се најде на црната листа на САД
Во време на најголемата економска и енергетска војна Христијан Мицкоски најавува нови засилени блокади наместо да понуди конструктивност, велат од СДСМ во нова реакција за вчерашната одлука на ВМРО-ДПМНЕ од 10 мај да го блокира Собранието.
Според социјалдемократите, ова е наредба од поранешниот премиер и партиски претседател, Никола Груевски.
„Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, како што е очигледно дека ваквото деструктивно однесување е засилено десеттина дена по објавата на Црната листа на САД каде се најде и Никола Груевски. Се потврди дека синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, Груевски даде наредба, а Мицкоски со своите соработници одработува за странски интереси“,
велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, утрово му порачаа на премиерот Димитар Ковачевски дека има уште пет дена да се предомисли и да седне на лидерска средба со Мицкоски, со цел да договорат датум за предвремени парламентарни избори.