„Барањата на Бугарите беа анахрони, беа надвор од контакт со реалноста. Меѓутоа, во тој период, Европа, за жал, не се занимаваше со Бугарија, и оттаму велеа дека тоа треба да се реши билатерално. Кога се вклучи Европа, индиректно тогаш рекоа – само Бугарите во Устав, другото заборавете го“, вели шефот на државата
Јас тврдам дека Бугарија го потроши својот политички капитал во Европа за да блокира кандидатка за членство во Унијата со глупости што ги правеше во изминативе три години.
Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски во синоќешното интервју на Канал 5 зборувајќи за проблемот и решението со соседна Бугарија, кои се поврзани со македонските евроинтеграции.
„Јас тврдам дека Бугарија го потроши својот политички капитал во Европа за да блокира кандидатка за членство во Унијата со овие глупости што ги правеше во изминативе три години. И на крај, јас тврдам дека Европа им рече – еве ви барем нешто, за да не останете без ништо од сите ваши барања. Барањата на Бугарите беа анахрони, беа надвор од контакт со реалноста. Меѓутоа, во тој период, Европа, за жал, не се занимаваше со Бугарија, и тие велеа тоа билатерално да се реши. Кога се вклучи Европа, индиректно тогаш рекоа – само Бугарите во Устав, другото заборавете го“,
рече претседателот Пендаровски.
Инаку, за потсетување, Пендаровски во јуни годинава изјави и дека Бугарија е последната земја членка на Европската Унија (ЕУ) која може да ни држи предавања за почитување на копенхашките критериуми коментирајќи ги последните изјави на бугарскиот колега Румен Радев кој, меѓу другото, испрати и писмо до европските лидери и институции во кои пристапот на „Република Северна Македонија во Европската Унија да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичка политика“.
Според Пендаровски, сите во ЕУ се свесни дека со обидите на Бугарија да ни постави историски критериуми за членство се прави преседан со нас.